Софија контра Османи: Се што договориле и потпишале двете земји е услов за напредок на Македонија кон ЕУ
Часот за преговарачката рамка на Бујар Османи не помина кај бугарската дипломатија. Според официјална Софија, се што досега е договорени, вклучувајќи го Договорот за добрососедство, протколите и влегувањето на Бугарите во Уставот, е дел од преговарачката рамка. ТИе бараат опипливи резултати и совесно спроведување на билатералните договори, јасно прецизирајќи дека без исполнување на преземените обрвски, нема напредок кон Унијата.
- „Постигнување опипливи резултати и совесно спроведување на Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија од 2017 година, како и годишните прегледи и мерки за негово ефикасно спроведување согласно чл. 12 од овој Договор, е „јасно дефиниран услов“ (еден од повеќето) според кој ќе се мери „напредокот на земјата апликант“ (Македонија);
- Софија јасно нагласува дека „неспроведувањето на потпишаните договори ја поткопува довербата, конзистентноста и предвидливоста во односите меѓу државите и предизвикува контрамерки“.
Ставовите на Софија остануваат непромените и по обидите на Османи да релативизира дека барањата на Бугарија и спроведувањето на договореното не било дел од преговарачката рамка со ЕУ. По тој повод, бугарското МНР преку соопштение , објавено на 16-ти јули, очекува исполнување на сите преземени обврски по јасно утврдените параметри, а не, како што велат, обиди да се толкува дали процесот на европска интеграција бара нивно исполнување.
За Софија манипулативно било нивните барања јасно прецизирани и прифатени со вториот протоколот од лани да бидат претставувани како нови.
- „Софија предупредува: „Неодговорно и контрапродуктивно е да се нарушува тешката и деликатна рамнотежа со несоодветни и тенденциозни толкувања кои отстапуваат од критериумите јасно утврдени од Советот на ЕУ за оваа работа“.
- „Софија како „посебно неодговорни“ ги смета „обидите манипулативно да се претстават веќе договорените и опишани во компромисот од 2022 година како некои нови барања на Република Бугарија“.
Дека настапот на Османи е искривување на вистината, освен Софија предупредија и повеќе експерти, историчари, дипломати, новинари. Според нив, власта веќе ги има прифатени сите барања на Бугарија, како што се македонскиот идентитет и историја да бидат дел од преговарачката рамка. Што значи дека отворањето на Уставот нема да ги задоволи бугарските апетити.
Викторија Миткова