Состојбата на против-пожарните служби во пресрет на сезоната на пожари е алармантна
Состојбата на против-пожарните служби во пресрет на сезоната на пожари е алармантна, покажуваат податоците на истражувањето на центарот за граѓански комуникации.
Според ова истражување, спроведено во сите 34 против пожарни единици, во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари дури по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, а просечно се стари по 12 години. Само 30 од новонабавените вакви возила се нови, додека другите се купени „на старо“. Резултатите покажуваат дека во 16 од 34-те противпожарни едници има помалку од законски предвидениот минимален број пожарникари. најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на Скопје. скопската единица има 190, а треба да има 405 пожарникари. инаку, 34-те противпожарни единици Вкупно имаат 284 возила, од оние што гаснат пожар до цистерни за вода и возила за превезување на пожарникарите и опремата. Половина од нив се постари од 30 години, додека само 15 проценти од возилата се стари до 10 години. Во последните три години се набавени дополнителни 65 возила, но и тие се со просечна старост од 17 години. Најстари возила со просечна старост од 39 години, има новоформираната противпожарна единица во старо нагоричане, а најстаро противпожарно возило од 57 години е камионот там од 1966 година, на валандовската единица. Санитетско или амбулантно возило поседуваат вкупно 58 здравствени установи. – најстарото возило „мерцедес“ од 1988 година, го користи болницата за респираторни заболувања од отешево.
Најнови се две возила набавени минатата година, едното од клиничката болница во штип, а другото од здравствениот дом во тетово. просечната набавна вредност на возилата е 38 илјади евра. Најскапо купени воопшто вакви возила во земјава се двете возила подарени од Министерството за здравство на клиниката за детски болести од скопје во далечните 2001 и 2013 година, со набавна вредност од 105 и 135 илјади евра.
Дури 73 проценти од сите овие возила, здравствените установи ги добиле на користење или како донација.