Сопругот директор на ТЕЦ Неготино, сопругата потпишува договори со РЕК Битола

630 илјади евра од трансакциската на РЕК Битола ќе легнат на сметка на семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ. Без грижи за судирот на интереси, пред еден месец ЕСМ за да го обезбеди комбинатот со стоки склучиле директна спогодба со семејната фирма „Хем алијанс“ на Стојановиќ, чиј сопственик е неговиот татко, а управител неговата сопруга. Па така во следните 12 месеци фамилијарната фирма од Пепелиште треба да го снабдува РЕК Битола со „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел “.

Оправдувањето од Електрани на Македонија е дека во законскиот рок од 30 дена понуда поднела само семејната фирмата на Стојановиќ. Јавната набавка велат, е спроведена во РЕК Битола и истата во никој случај не се однесувала за ТЕЦ Неготино.

  • „Нагласуваме дека не станува збор за набавка со директна спогодба и дека не постои конфликт на интереси. Постапката е спроведена од Комисијата за јавни набавки при подружницата РЕК Битола и одговорно лице на подружницата. Кај истите нема никаков конфликт на интереси со носителот на набавката поради тоа што немаат никакви роднински врски, согласно одредбите на Законот“, велат од  ЕСМ за Алфа.

Од ЕСМ дополнително на прашањето на Алфа зошто ако се знаело дека станува збор за компанија во сопственост на фамилијата на директорот на ТЕЦ Неготино не ја поништиле јавната набавка, велат Комисијата имало потпишано изјава за непостоење на судир на интереси, со што според компанијата набавката е законски спроведена.

Претходно, во февруари 2021 година објави дека првиот ден од изборната кампања за локалните избори 2021 година, односно на 27 септември, ЈП Комуналец Неготино распишал тендер по што „во нетранспарентна постапка за јавна набавка, со низа пропусти и недоследности, Небојша Стојановиќ успеал да добие тендер за изградба на мала хидроцентрала на системот за водоснабдување Лукар, преку јавно приватно партнерство“. И на тој тендер „Хем алијанс“ бил единствен понудувач, а надлежните тогаш дементираа.

Advertisements