Сообраќајна незгода помеѓу автомобил управуван од малолетник и моторцикл во Скопје

На 26.08.2020 во 02,00 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Јустинијан први“ и ул.„Солунска глава“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “мазда 6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16 годишник од Скопје и моторцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.С.(41) од с.Студеничани-скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

Поврзани вести