Сообраќајна незгода во Скопје: Се судриле автомобил и мопед

На 27.08.2020 во 12,15 часот било пријавено дека во Скопје на бул.“Трета Македонска бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “рено модус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.Л.(46) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Џ.(55) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Џ. констатирани во комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани вести