Сообраќаен хаос во Македонија – проблемот не е во висината на казните, туку што никој не работи на превенција
Нетрпеливи возачи, нервозни пешаци, непрописно паркирани возила по тротоари и брзо возење по булавари и јавни патишта…се само дел од секојдневната слика во сообраќајот. Најзагрижувачки е тоа што стотици лица годишно гинат во сообраќајни несреќи во земјава.Главна причина за тоа е брзото возење.Експертите критикуваат дека казните за возачите се нелогични.Тие алармираат – полицијата пред ригорозно да казнува, треба да работи многу повеќе на превенција. Сообраќајниот инженер Игор Митревски вели дека, Македонија во регионот плаќа највисоки казни, а има најниски плати.
“Во однос на санкциите кои ги спроведува МВР ние мислиме дека се пренагласени.И сметаме дека моментот на санкционирање треба да биде следствен на еден друг момент – превенција. Таа превенција пред неколку години ја имавме со т.н негативни поени и тој тип на санкционирање ние сметаме дека е многу чесен. Доколку вочаот продолжи со несовесното однесување во сообраќајот и со парична казна и со друг вид на казна” вели Игор Митревски.
Според Митревски за возачите кои предизвикуваат собраќајна несреќа во која има жртви, затворска казна треба да биде задолжителна и најригорозна.Тој вели дека треба да се корегира законот за здравствена заштита.
“Законската измена за здравствена заштита вклучува доколку се констатира лица кое што направиле сообраќајна несреќа во која што има повредени.Соодветното лекување за повредените лица да си го сноси лицето кое предизвикало незгода” – изјави Митревски.
Дополнителен проблем во Македонија е тоа што- ако во земјите од ЕУ постои систем според кој се утврдува кои се критичните точки за незгоди, Македонија се уште не располага со такви информации.
Инаку, казните за возење над дозволената брзина се движат од 10 до 400 евра и одземање на возачката дозвола од 6 месеци до една година. Глобите за зборување на мобилен телефон се по 40 евра, исто толку што се и за неносење сигурносен појас. Не пропуштањето на пешаци на премин чини 200 евра. Пред неколку години беа укинати и казнените поени, па сега секој прекршок директно значи и парична глоба.
Ања Лукарова