Сончев викенд, од среда пад на температурите

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени,а дневната температура од 13 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе достигне до два,, а дневната температура до 19 Целзиусови степени.

Продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период од годината. Од среда ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика постепен пад на дневните температури.