Сончево и топло време, температурата до 30 степени

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, кој повторно ќе се засилува долж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат од 8 до 19 степени, а максималните од 25 до 31 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 29 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно, суво и релативно топло време, но локално не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има тенденција на благ пораст.