Сонцето од Кутлеш може да ве чини казна 200 евра: Според македонските закони првото знаме на независна Македонија е прекршување на јавниот ред и мир

Користењето на првото знаме на независна Македонија, Сонцето од Кутлеш, може да ве чини 200 евра, поради прекршување на јавниот ред и мир, дури и на неофицијален настан. Таков е случајот на раперот Жарко Масларковски, кој на прославата на втората европска титула на Вардар, вечерта веднаш по освојувањето, решил на грбот да го стави Сонцето од Кутлеш. Ваквиот потег бил доволна причина да реагира полицијата, и да напише прекршочна пријава.

-На наведената дата, време и место, пријавениот истакнувал знаме кое што не ги содржи обележјата утврдени со закон, по што од страна на полициски службеник од ПС ОН Центар Скопје, при вршење на служба на пријавениот му била издадена наредба да се престане со нарушувањето на јавниот ред и мир, на што истиот се оглушил на наредбата, со што постапил на наредбата на овластено службено лице на државен орган, се вели во обвинението.

Раперот е обвинет истакнување на знамето на настан кој не бил организиарн, туку бил спонтан собир на граѓани плоштадот Македонија со цел да го прослават големиот успех на македонскиот ракометен великан. Тој на втори јуни во 22 часот и 40 минути бил нотиран од полициски службеник поради знамето. Тоа беше и причина да присуствува на неколку судски рочишта.

-Жарко Масларковски од Скопје- Аеродром се повикува да се јавни лично во Основен Суд Скопје 1- Скопје, заради испитување во својство на обвинет, за прекршок Постанување спротивно на наредба по член 18 и член 14 од Закон за прекршоците против јавниот ред и мир, пишува во поканта за суд.

Ваквата забрана за користење на првото официјално знаме по независноста на Македонија доаѓа со потпишувањето на договорот од Нивици, на кој параф со покровителство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, ставија министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас. Еве што е пропишано со член 8 став 3 од Преспанскиот договор.

-Втората страна нема повторно да го употребува на кој било начин и во каква било форма симболот порано истакнат на нејзиното поранешно државно знаме. Во рок од шест месеци по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна ќе пристапи кон отстранување на симболот истакнат на нејзиното поранешно државно знаме од сите јавни места и од јавна употреба на нејзина територија. Археолошките артефакти не спаѓаат во опфатот на оваа одредба, пишува во член 8 став 3 од Преспанскиот договор.

Со Преспанскиот не е забрането приватно користење на Сонцето од Кутлеш, но македонските власти и во овој случај одат чекор понатаму и го надградуваат Договорот, па гонат обични граѓани.

Поради договорот со насмевки потпишан покрај Преспанското езеро, Македонија дури и брусеше шахти, а на сите споменици со овој македонски симбол се додаваше дека биле дел од хеленската историја, а за тоа имаше рок од шест месеци од влегувањето во сила на овој договор. Ова е пропишано во членот осум став два.

-Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на оваа Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културното наследство на Првата страна, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство, се вели во член 8 став 2 од Преспанскиот договор.

Македонија досега ги исполни речиси сите свои обврски од Преспанскиот договор. Покрај променаа на името на државата, променети беа имиња на институции и многу други работи. Додека пак од страна на Грција не е исполнето речиси ништо, па дури ни некои најпрости како промена на паткозите кај јужниот сосед, на кој се уште пишува Скопје, наместо новото уставно име на државата, нешто што е нивна обврска од договор во Нивици.

Матеја Петровски

Поврзани вести