СОНК и Владата се блиску до договор, можно е решение в петок

Просветарите и власта се се поблиску до конечен договор, ама договор се уште нема. Откако преговорите меѓу СОНК и Владата и денеска завршија без епилог, си дадоа уште два дена за пеглање на ставовите, кога и двете страни очекуваат добри вести. Дали наставниците ќе добијат 18% зголемување на платите ќе се знае в петок. Освен за раст на платите, СОНК и Министерството за образование разговарале за дефинирање на крајни рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование.

Откако денешната среба заврши без успех, нова средба е закажана за в петок кога се очекува да завршат преговорите со позитивен епилог.

Синдикалниот лидер Јаким Неделков останува оптимист, и вели дека калкулациите за зголемување на платите се на маса, додека течат разговорите за помирување меѓу двете страни, со посредство на помирувач.

Но, по средбата, токму помирувачот придружуван со претставници од министерството, не беа расположени за било каква изваја.

Синдикатот утре ќе има средба со Министерството за труд, каде ќе биде отворено прашањето за Колективниот договор за предучилишни установи, кој истекува во јуни, како и прашањето за законското решение за исплата на плати.

Инаку Владата веќе одлучи школската година да заврши на 10 јуни и да нема продолжување, кога ќе започне летниот распуст. Оваа одлука е за утврдување на бројот на наставните денови во средните, но не и во основните училишта.

Инаку СОНК и МОН уште на 8 мај се договорија да ги продолжат преговорите за уште 10 дена. И двете страни заклучиле дека е потребно повеќе време за преговарање, заедно со помирувач од Министерството за труд и социјала, а во рамките на рокот согласно член 27 од Законот за мирно решевање на работни спорови.

Борис Грујоски

Поврзани вести