Солзавец употреби полицијата во Хонг Конг во обид да растера демонстранти

Полицијата во Хонг Конг употреби палки и солзавец за да растера демонстранти кои се обидуваат да стигнат до зградата на локалниот параламент.

Десетици илјади демонстранти го блокираа реонот околу Парламентот на Хонгконг во знак на протест против нацрт законот што ќе овозможи екстрадиција во Кина.

За денеска е предвиденот текстот да биде во второ читање, но поради „опсадата“ околу парламентот дебатите се одложени.