Советникот на премиерот Заев, Маричиќ, се посрамоти на Ал Џезира

Владините функционери мака мачат да го прикажат референдумскиот пораз како успех во гостувања на странските медиуми. По Стево Пендаровски сега и советникот на Заев, Бојан Маричиќ во изјава за каналот „Ал Џезира“ Британија, призна дека имало слаб одзив на референдумот, па  се обиде да објасни дека тоа било одраз на волјата на народот.

– Најпрво, мислам дека не е вистина дека мнозинството луѓе го отфрлија договорот. Знаете, ние не пропуштаме гласови во корист на договорот, ние пропуштаме гласови против договорот. Овој број од 610 луѓе во корист на договорот е доволен за поддршка…вели Маричиќ.

– Значи Бојан, јас само сакам да се уверам дека имаме јасни факти овде. Одѕивот изнесува 36 проценти.

– Да, точно.

– Дури не се добиени ни 36 проценти од гласачите. Само 36 проценти од Македонците, од целокупната Република Македонија всушност се грижеле доволно за да излезат и да гласаат.

Но новинарката остро му се спротивстави, па побара од него да не се обидува да манипулира со фактите дека само 36% излегле на референдумот. По ова Маричиќ се обиде вината за лошите резултати да ја префрли  на страна на опозицијата, но наиде на уште едно лошо прашање, по што неговото интервју беше прекинато.

Да, бидејќи најголемиот дел бојкотираат поради една посебна причина. Најголемата опозициска партија го бојкотираше овој референдум, бидејќи тие знаеја дека ќе загубат ако излезат и гласаат. Во спротивно тие сигурно ќе излезеа и ќе гласаа и ќе победеа на референдумот.

– Но тие не го направија тоа, па Бојан не сум сигурна. Се вртиме во круг, бидејќи знаеме, знаеме колку луѓе гласаа. Тие гласаа за ова: Дали го поддржувате членството во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот помеѓу Македонија и Грција? Многу јасно, многу едноставно, повеќето луѓе излегоа и кажаа да, ние го поддржуваме, но не беа доволни. Вие моравте да имате 50 проценти, а немавте.

– Но овие броеви се доволни за референдумот и изборите. Немаше други идеи кои беа поддржани толку многу.

Пред само три дена и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски „фатен во тесно“ призна дека излезноста беше катастрофална, па соочен со очигледните факти тој само ја потврди реалната состојба дека цензус немало и референдумот едноставно не успеал, иако постоеле правни интерпретации на неговата партија кои велат поинаку.

Она што е забележително дека владините функционери, по резултатите од референдумот на кој гласаа само 36,89% од граѓаните и испратија порака дека не прифаќаат промена на името по цена на членство во асоцијациите, преку изјави и гостувања на странски медиуми се обидуваат да го правдаат катастрофалниот резултат и да градат поинаква слика од реалната.

Ивана Соколовиќ Најдова