„Совест“: Заев не изигра за минарето на Али-пашината џамија

Баравме институциите да си ја завршат работата сметајќи дека тие го кочат решавањето на проблемот со изградбата на 32 метарското минаре,доцна свативме дека проблемот не е во нив,туку во замешаноста на политиката- изиграни од Премиерот Заев, членовите на граѓанското здружение “ Совест” му порачуваат, да не го гази нашето достоинство како народ и да донесе итна одлука од која како што велат,ќе зависеле нивните понатамошни активности.

-На состанокот кај Вас не убедивте дека лично ќе се заземете.Ви поверувавме за што бевме жестоко критикувани. Го почитувавме изборниот циклус да не се прават било какви тензии затоа што сепак веруваме во легализмот.Рековте, оставете до 5-ти мај, но еве веќе е 10-ти мај, а работите на минарето продолжуваат.СДС и ДУИ се испазарија за Охрид, ние вам минаре, вие нам гласови, изјави  Михаил Трендафилов Нанче од ‘’Совест “.

И покрај ветувањето и убедувањето од Заев дека институциите ќе си ја завршат работата за која се платени согласно закон,од Совест пред 2 месеци побараа од  државниот градежен инспекторат со поставување жолта лента да ја стопираат бесправната градба се до утврдување на состојбата,а  испратија допис и до Инспекцискиот Совет.

-Од нив одговор немаме добиено, добиме од Државниот градежен инспекторат каде  што велат : ние немаме дадено никаков налог за запирање на работите. На еден толку перфиден,циничен начин одговорија, што е жалосно.Затоа што сите институции си ја знаат работата, да не ги правиме дека се неписмени, значи сите тие се под некаков политички притисок.Имаме Претседател, Премиер,градоначалник, сите се од една партија,значи отворено можат да си работат што сакаат да си прават, Изјава Михаил Трендафилов Нанче од ‘’Совест “.

Од Совест и понатаму размислуваат за организирање на протест кој како што велат се до сега го одлагале, свесни оти тоа дополнително ќе предизвика верски и меѓуетнички тензии.Инаку и денес, работниците разнесуваа градежни матерјали во Али Пашината џамија.

Росица Голабоска