Собраниското тело за помирување „крчка“ нов Закон за амнестија

До средината на декември ќе биде готов предлог законот за амнестија. Новото законското решение кое што треба да произлезе од работата на Координативното тело за помирување е во фаза на подготовка и се бара начин како да се постигне целта, без да се наштети на правниот процес, вели пратеничката Емилија Александрова, од таканаречените независни паретници од ВМРО ДПМНЕ која е претседавач на тоа тело.

За содржината на решение не се зборува многу, но може да се заклучи дека за настаните од 27-ми април барем за дел од обвинетите амнестија ќе има.

Од опозицијата и натаму велат дека нема да учествуваат во истото. Според ВМРО ДПМНЕ најавите кои доаѓаат за она што го подготвува ова тело, се претвора во тело за порамнување.

Од СДСМ не се согласуваат со тврдењето на Мицевски. Велат треба да се почека предлогот па потоа да се коментира.

Инаку, премиерот Зоран Заев во петокот рече дека законот за амнестија би значел ослободување од обвинение за оние кои не учествувале во насилството во Собранието на 27 април.

Борис Грујоски