Собранието му го одзеде пратеничкиот имунитет на Груевски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата

Со 62 гласа „за“ Собранието на Република Македонија вечерва, без расправа, на пленарна седница ја прифати препораката на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за одземање на имунитетот на Никола Груевски, на барање на судот поради одредување мерка притвор за предмети што ги води Специјалното јавно обвинителство.

На седницата не присуствуваа пратениците од  опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е Груевски. Тие не присуствува и на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија.