Собранието конечно ќе мрдне од мртва точка – опозицијата најави поддршка за продолжување на кризната состојба

Собранието конечно ќе мрдне од мртва точка. Опозицијата најави дека во интерес на граѓаните ќе поддржи продолжување на кризната состојба. Утре после седницата за пратенички прашања или најдоцна во петок пратениците ќе гласаат за предлогот кој треба да ги помине филтрите на Комисијата за одбрана и Законодавно-правната комисија.

Опозицијата и натаму обвинува дека власта ќе ја злоупотреби оваа ситуација за делење тендери во четири очи, а владината коалиција уверува дека кризната состојба ќе придонесе за полесно соочување со последиците.

Нема воопшто да бидам изненадена, ако министерот им препорача на граѓаните, да си пијат по чашка жолта, да си каснуваат по една феферонка, за да немаат потреба од греење. Ковачевски во јануари се пофали дека граѓаните нема да останат без греење. Девет месеци потоа, изјави дека „сега работеле“. Заради ненавремените мерки плаќаме поскапа струја, поскапо парно – вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лидија Петковска.

Опозициските пратеници неколку дена бараат целосна проекција на Владата за можните случувања оваа зима на енергетски план. Министерот за економија Крешник Бектеши кој присуствуваше на седницата им посочи нивните предлози, да ги пратат до Владата по што надлежните ќе ги разгледаат.

Eдномесечната кризна состојба која ја прогласи Владата завршува на 30-ти септември, а за да биде продолжена, неопходно е тоа да оди преку Законодавниот дом. Без енергетската кризна состојба не би можеле да се преземат голем дел од мерките кои ги предложи Владата,

Адријана Алексиеска

Advertisements