});

Собранието забрани обраќање на лидерот на опозицијата

Заедно да ги пишуваме уставните амандмани – отворена покана од власта до опозицијата. Премиерот Зоран Заев пред пратениците порача дека доколку добие поддршка за уставните измени е подготвен да работи заедно со нив на конкретните текстови.

„Заедно ќе ги работиме ако треба и овде во Парламентот ќе доаѓаме од Владата за да го потврдиме идентитетот, македонскиот јазик дали во постојните амандмани или ќе изработиме и петти амандман. Грција нема ништо против нашиот идентитет и нашиот јазик. Спремен сум да разговарам со грчката страна затоа што тоа не е спорно. Проблемот е во разграничувањето преку Северна“, потенцира Заев.

Главната препирка на денешната седница беше во препладневниот дел кога спикерот Талат Џафери го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ, за пред пратениците да се обрати првиот човек на опозицијата Христијан Мицкоски, велејќи дека на пимсено барање за такво нешто од ВМРО-ДПМНЕ не добил, но и да добил со одобрување на таквото барање се кршел деловникот.

По ваквите случувања пратениците се вратија на дискусијата за уставните измени, кои беа на дневен ред, дискутираа за Преспанскиот договор кој според опозицијата е штетен и капитулантски, а според пратениците на власта овој договор е зелена карта за влез на Македонија во Европската унија и НАТО.

Од опозицијата побараа да биде продолжено работното време на Собранието денеска, односно седницата да трае и по 18 часот, но и ваквото барање беше одбиено од Џафери. Расправата за уставните измени започна вчера, и се очекува да трае и наредните денови.

Мери Георгиевска