Собранието е неефикасно и без најавената активна блокада на ВМРО- ДПМНЕ

100-тина заглавени закони, носење пратеници во скафандери, мистериозно исчезнување на пратеник, злоупотреба на Европското знаме, закажани, па откажани седници, кршење на деловникот, гласање на полноќ, илјадници евра за патни трошоци  – ова е само дел од Собраниската слика откако СДСМ на последните избори едвај успеа да го задржи своето мнозинство за да се одржи на власт. Оправдувањата секогаш беа исти, дека виновна била ВМРО-ДПМНЕ, иако власта секој можен закон го турка на сила, со злоупотреба на Европското знаменце, без било каков обид за разговор или компромис со опозицијата, нешто што е од клучно значење за земјите со парламентарна демократија.

Излезот од ваквата криза вообичаено се бара во предвремени избори, токму тоа што сега го бара ВМРО-ДПМНЕ со најавата за активна блокада на работата на законодавниот дом.

Тенкото мнозинство на власта кое се движи од 61 до 64 пратеници во изминатава година и половина се покажа дека го направи Собранието сосема нефункционално.

Примери има многу. Еден од најголемите скандали беше при самото изгласување на владата кога поради короната, но и тенкото мнозинство пратеник се носеше на гласање во скафандер, пракса која продолжи и потоа.

Вториот пример беше обидот на опозицијата да и изгласа недоверба на Владата, кога мистериозно исчезна пратеникот Кастриот Реџепи за кого и неговиот тогашен партиски лидер се сомневаше дека е киднапиран, со што Собранието не беше во можност да работи.

Според собраниската статистика Собранието не само што речиси и не функционира, туку и кога се носат Закони во добар дел се по скратена постапка. Ако во 2020 во народните избраници донесле 65 закони сите поднесени од Владата или од мнозинството, главно со европско знаменце, минатата година пратениците се „фатиле“ за работа и донеле дури 209 закони од кои дури 79 по скратена постапка, а од вкупно 59 пленарки 20 останале незавршени.  

Кристина Алексиеска

Поврзани вести