Собранието втор ден расправа за предлогот Ристо Пенов биде на чело на Министерството за локална самоуправа

Наместо да се разговара за мерки и помош на граѓаните, се дискутира за министерски функции и фотелји – низа критики од собраниската говорница на адреса на владејачкото мнозинство. Народните избраници, во значително мал број ја продолжија седницата на која се расправа за изборот, Ристо Пенов да го води Министерството за локална самоуправа. Опозицијата им порача на пратениците  да ги презентираат досегашните достигнувања на Министерството за локална самоуправа и планот за работа на Министерството.

Се однесувате како пред избори. Ќе направиме, ќе реализираме, треба да се реагира, треба да се направи – само во идно време. Ништо конкретно, ништо во сегашно време, ништо во свршено време – рече Лидија Петкоска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарното мнозинство во предлогот гледа евентуална додадена вредност на владиниот кабинет, но ја критикуваше и опозицијата, дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги реализирале ветените проекти.

Благодарние на неспособноста не се завршуваат и пуштаат во употреба ниту завршените проекти на СДСМ, а камоли да се започнат нови. Така е со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во целата државата, тотална катастрофа, фијаско од невидени размери, од илјадниците кои ги ветуваа немаат започнато ниеден, нагласи Миле Талески, пратеник од СДСМ.

За предлогот, се очекува пратениците да гласаат во петок. На истата седница треба да се гласа и за двајца уставни судии. Треба да се расправа за економските мерки и измените во Законот за здруженија и фондации но двете предлог измени се уште не ги поминале филтрите на Комисијата за финансирање и Буџет и Комисијата за политички систем. 

Адријана Алексиеска

Advertisements