Соборени две беспилотни летала над Москва
Руската воздушна одбрана собори два борбени беспилотни летала кои се движеа кон Москва, соопшти утринава градоначалникот Сергеј Собјанин.
„Потврден е обидот на две борбени беспилотни летала да упаднат во градот. Двата беа соборени од воздушна одбрана. Едниот во близина на Домодедово на југот од Москва, другиот во близина на автопатот за Минск, на запад од Москва, напиша Собјанин на „Телеграм“, без да прецизира кој е одговорен за нападот.
Руското Министерство за одбрана објави и дека „во текот на ноќта е спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотни летала над територијата на Московската област“.
Министерството соопшти дека овој „обид за терористички напад“ не довел до жртви или материјална штета.