Снежната покривка добродојдена за земјоделците и за “Стрежево“

Прекрасно сончево препладне со безброј зимски пејсажи во кои снежните наноси разиграно ја доловуваат зимската идила, денеска ја доживеавме во Пелагониското поле. Репортерската екипа на АЛФА ги посети синорите на Новаци и Логоварди, па иако температурата беше седум степени под нулата, тоа и некако не се чуствуваше, можеби од сончевиот лач, а уште повеќе што снежната покривка од 40 см, веќе ги напокри недогледните пелагониски ниви во кои се притаени нежните стебленца на посејаните жита.

  • Денеска беше вистинско задоволство да се биде во пелагонискоот поле, бидејќи снежната покривка создаде огромни пејсажи во кои, есенските култури се целосно заштитени, но и потенци9јалот на влагата со сигорност е обезбеден.

Тукашните земјоделците велат дека снегот е добродојден и дека ќе ги заштити растенијата од кочан- зимата што доаѓа, а по неколкумесечната суша што имаше нафтасано во Пелагонија, добро ќе биде, снежната покривка да трае што подолго.

  • Ќе се молиме на Господ овој снег да стои некаде до крајот на месец февруари, за да можеме да сметаме на подобра обработка на површините со пролетни култури, кои што оваа година во цела држава се очекува д абидат застапени на јаголеми површини- рече ВељоТантаров, земјоделц од Новаци и претседател на Сојузот на земјоделците.

Со врнежи до триесет сантиметри во Битола, а на планинскиот масив на Баба планина со половина метар и повеќе по планинските вертикали, хидролошките ресурси целосно ќе се обезбедат.

  • Последните врнежи од снег се добродојдени за полнење на акумулацијата Стржево. Во овој момент акумулацијата располага со 70 милиони м3 вода. Во наредниот период со топењето на снегот и со врнежи во проелтта, очекуваме да прибереме вода од 40- 50 милиони м3 и со таа вода ќе ги задооволиме сите потреби за водокорисниците- рече Методија Граматковски, директор на ЈП Стрежево.

Од ЈП Стрежево велат дека со полна акумулација од 120 милиони м3, ќе ги задоволат сите потреби на градот, индустријата, РЕК Битола и земјоделието, а со вишокот на вода во петте мини- хидроцентрали, планираат производство на седум милиони киловатчасови електрична енергија. Можеби и затоа, дарежливата природа и нејзините вонвременски креации ни создадоа чуство на топлина, иако метеоролозите за тука најавуваат поларна зима.

Петар Стефановски