Снегот во јануари повторно ги изненади надлежните, смрзнати автопати, завеани сообраќајници

Заледени улици, автопати, долги колони со возила и нерасчистен снег, ваква е сликата попладнево низ Скопје, но и низ другите градови. Граѓаните се прашуваат дали и оваа зима снегот ги изненади надлежните институции кои треба да го решат проблемот со него и со мразот на патиштата. Големи наслаги од снег нема само на споредните улици, туку и на дел од булеварите и автопатите.

Обиколницата кај Скопје пред камерата на Алфа делуваше како лизгалиште, а возилата одвај се движеа. Слична е сликата и на автопатот Смоквица каде снег и лед беа долж скоро целиот пат.

Социјалните мрежи вријат, скопјани се жалат дека попладнево главниот град на Македонија е целосно блокиран поради наносите на снег и лошото пренасочување на сообраќајот.

Од град Скопје се правдаат дека денеска се фрлени 260 тони сол, а надлежните лица од градот, секојдневно фрлале сол на таканаречените црни точки односно на места со можност за замрзнување односно во близина на водни површини.

Од град Скопје велат дека за оваа зимска сезона се обезбедени 4.000 тони сол, што заедно со преостанатите количества од минатата сезона изнесува 4.500 тони сол, како и 300 тони ладен асфалт, па и апелираа до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Пред 4 дена големите наслаги на снег ги отсекоа од патната мрежи дел од селата на Скопска црна гора, до каде не може да се стигне ниту со теренски возила, жителите на селата аплеираа до надлежните да го решат проблемот со кој се соочуваат бидејки резервите со храна им се прикрај, а и дел од мештаните треба да посетат лекар, но заради нерасчитените патишта не се во можност.

Борис Грујоски