Смртоносен напад во Утрехт, сомнежи за „терористички мотив“

Холандската полиција е во потрага по осомничениот маж кој пукаше во трамвај во центарот на Утрехт при што загина едно лице, а повеќе се повредени

Холандските власти го подигнаа на максимум нивото на тревога за опасност од терористички напади, сомневајќи се во „потенцијален терористички мотив“ за пукањето кон трамвајот, пренесува Ејбиси Њуз.

Посебно се обезбедуваат клучните државни објекти во Холандија како и сите аеродроми, со цел да бидат преземени сите заштитни мерки за да се спречи евентуален терористички напад.