Сменети европски закони за профит: Бизнис интересите на семејство од Струмица и врхушката на СДСМ ја оддалечија Македонија од ЕУ

Семејните и партиски бизнис интереси ја уназадија Македонија на европскиот пат последниве пет години, вели за Алфа поранешниот амбасадор Ивица Боцевски. Контра зборовите на премиерот Ковачевски дека Македонија најбрзо ќе напредува на патот кон ЕУ, тој вели дека поради бизнис интересите на власта, државава од 2017-та година ги променила законите кои биле усогласени со европското законодавство, со цел привлекување на странски инвестиции. Боцевски е на ставот дека Македонија се довела во проблематична ситуација, во сегменти каде таа била целосно чиста.

-За жал од 2017-тата година па навака дел од овие нешта се имаат влошено. Се имаат влошено од една проста причина затоа што дел од законите кои што се однесуваа на заедничкиот европски пазар беа видоизменети со цел да бидат во корист на едно семејство од југоистокот на Македонија, поточно од Струмица, да се создадат монополи кои што користат на луѓе поврзани со СДСМ или дел од врхушката на СДСМ, па Македонија си ја расипа позицијата во многу делови кај што претходно имаше чиста ситуација, изјави Боцевски. 

Дополнителен проблем според него е што држвава стои многу лошо во делот на  корупцијата и судството. Сегменти кои се меѓу клучните за напредок во евроинтеграциите.

-Нивото на корупција кое што го има Македонија веќе достигнува едни невидени размери, деновиве гледаме некоја преписка меѓу водечките корифеи на оваа Влада во однос на тоа кој бил корумпиран. А врвот на целата ситуација е урнисувањето на судството и Обвинителството. Односно прва работа што ја направи оваа Влада кога дојде беше да ги тргне оние високи критериуми за влез во Академијата за судии и обвинители, се елиминираа потребата од англиски јазик, од втор странски јазик, се елиминира потребата од просек, изјави Боцевски. 

За добивањето на прва меѓувладина конференција, која реално не значеше старт на преговори, туку обично сликање, Македонија ги прифати бугарските услови. Според Боцевски тоа е доказ за поразителната политика на власта, потенцирајќи дека со оваа гарнитура реално не можеме да очекуваме некаков напредок кон ЕУ.

-Доколку биде работата оставена на Ковачевски, неговата дружина со Заев од СДСМ, тогаш нештата може да се вложат затоа што тие не умеат врз основа на објективни критериуми. Македонија е во моментов е еден вид на постмодерна колонија на Бугарија, тоа го направивме со таа преговарачка рамка која што на еден датум кој ќе биде со срамни букви означен во македонската историја, 19 јули се случи тоа што се случи во Собранието на Република Македонија. Еден невиден пораз за Македонија, една ситуација кога Македонија со синџири беше врзана, вели Боцевски.

Инаку, контра убедувања на власта, Македонија тешко може да очекува напредок кон унијата се и извештаите од Брисел, каде корупцијата се нотира како проблем, а секако и судството, кое кај граѓаните има доверба од само осум проценти.

Матеја Петровски