Случај Русковска – Муареми: Правната фела се сомнева во театар за јавноста

Судирот помеѓу Русковска и Муареми тлеел, многу подолго, а во последниот месец ескалираше во јавноста, а вчерашните заминувања, една принудна едната самоволна, е само да се создаде перцепција пред јавноста дека владее законот. Дел од правниците дури и прогнозираат дека ова е крај на кариерата на Вилма Русковска како обивнител во Организиран. Не стивнуваат реакциите во јавноста откако вчера Љубомир Јовески донесе одлука Русковска да паузира како шефица на организиран, а еден час подоцна, Арафат Муареми замина од директорското столче во Управата.

  • Дали е случајно или не? Моите сознанија говорат дека не еден месец, туку подолго трае да речеме риливитетот или анимозитетот помеѓу Русковска и Муареми, сега тоа се нели мои неофицијални сознанија, што помалку е чудно што Финасовата полиција и треба да работи со обвинителството, а не обратно. Дали е случајно што господинот Арафат во овој момент си дава оставка, па секако да не е, се гледа јасно координацијата за да се создаде перцепција пред јавноста дека ќе се остави простор постапката да тече непречено, иако јас ве уверувам дека веднаш штом ќе заврши дисциплинската постапка на Русковска и другите две колешки, господинот Арафат ќе се врати на истата или ќе оди на уште поатрактивна – коментира Јанаки Митровски, адвокат.  

Додека поранешниот обвинител, Војо Димовски коментира дека крајот на шефицата на организира е предвидлив, а зад завесите судирот е многу поголем помеѓу обвинителката и директорот.

  • Она што можам да ви прогнозирам е дека Русковска ќе биде разрешена познавајќи го манирот внатре во Обвинителството. Мислам дека другите две колешки ќе поминат со некоја парична казна, како колетерална штета на целиот случај. Инаку од она што ми достапно како информација по однос на причините поради кои се води постапка, односно ќе се води постапка, на мислење сум дека ако тоа се причините за да и се води дисциплинска постапка, мислам дека а да не претерам, половина обвинителство треба да биде разрешено вели за Алфа, ВОЈО ДИМОВСКИ- поранешен обвинител.

Димовски тврди дека не ретко личните пресметки се претвараат во судир помеѓу институциите. Интересно е дека и во истиот ден кога Русковска беше суспендирана, нејзиното обвинителство отвори предистрага за висок функционер на ДУИ за злоупотреби при сервисирање на ,,Ер Трактори”.

Судирот ескалираше кога истражителите на Русковска минатиот месец ги тресеа канцелариите во Управата на Муареми, според кој тоа било незаконски. Тој поднесе претставки до Јовески, судскиот и советот на јавни обвинители. Јовески ги испрати своите обвинители во Организиран и констратираа низа неправилности во процесот.

Во исто време, кога Русковска е суспендирана, од владата уверуваат дека брзо ќе го пополнат  директорското место во Управата.

Викторија Миткова