Случајот Русковска – Муареми е далеку од епилог, уште е во предистражна постапка

Конфликтот Русковска Муареми е далеку од завршен.. Се постапува и по двете кривични пријави но епилогот ќе се знае откако ќе биле сослушани сведоци и прибрани сите докази. Од Обвинителството за организиран, чија шефица беше Вилма Русковска, тврдат дека постапувале по случајот. Но бидејќи станува збор за предистражна постапка не откриваат колку и кои лица биле сослушани.

„Предметот за кој покажувате интерес е во предистражна постапка и по истиот активно се постапува, при што се преземаат низа дејствија меѓу кои и сослушување на лица чии искази според оценката на предметниот обвинител ќе придонесат за понатамошниот тек на постапката“, велат од Обвинителството за организиран криминал и корупција за РСЕ. 

Кривична пријава имаше и од страна на Арафат Муареми бидејќи според него претресот бил незаконски, па ги пријави Вилма Русковска и обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска кои го извршија претресот.

„Предметот е во фаза на претходна постапка во рамките на која се вршат распити и се прибираат други докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“ велат од ОЈО. 

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е одалечена од функцијата а директорот на Финансова, Арафат Муареми си поднесе оставка. Но Русковска не се откажува да раководи со организиран кривиминал па се кандидираше и за втор мандат. Таа ќе се бори со уште четврица колеги на 7-ми ноември за кога се закажани изборите за главен обвинител на Организиран криминал.

Викторија Миткова

Advertisements