Словенија со највисока, Македонија со најниска просечна нето плата во регионот во мај

Со просечна месечна нето плата од 399,28 евра, Македонија се најде на дното во регионот. Словенија е на врвот на листата со месечна нето плата од 1.077 евра за мај оваа година и е единствена држава чиј просек надминува илјада евра – пишува босанскиот интернет портал Бизнис Инфо.

Во мај, просечната плата во Хрватска достигнала ниво од 866,95 евра, во Црна Гора во јуни таа изнесувала 511 евра, во Босна и Херцеговина просечната плата во петтиот месец годинава била на ниво од 448,59 евра, а во Србија 426 евра.

Просечната плата во Македонија се зголемила за 17,38 евра во однос на минатата година.

Во БиХ таа се зголемила за 12,46 евра.

Кога станува збор за Црна Гора, интересно е што просечната нето заработка во јуни оваа година во однос на еден месец порано забележала пад од 0,2 отсто, додека просечната нето заработка во јуни 2018 година во однос на истиот месец лани забележала раст од 0,2 отсто.

Исто така, интересно е што просечната исплатена плата во регионот во оваа во однос на крајот на минатата година најмногу се зголемила во Хрватска и тоа за 71,42 евра.

Просечната плата во Србија оваа година во однос на минатата се зголемила за 29,71 евра и во Словенија за 21,30 евра.

Само во Црна Гора не се променило нивото на просечната плата и се задржало на износот од 511 евра.