Словенечките социјалисти бараат повлекување на признавањето на Косово

Социјалистичката партија на Словенија упати повик до претседателот, премиерот и министрите да се заложат Република Словенија, по пример на голем број земји, да го повлече признавањето за Косово и да го поддржи територијалниот интегритет на Република Србија.

Во писмо од партијата се наведува дека Словенија во 2008 година направила „голема грешка со признавањето на независноста на дел од територијата на братската земја Република Србија“.

– Косово и Метохија е составен и неделлив дел на Србија, како што пишува и во Резолуцијата 1244 на ОН, наведува словенечката партија.

Од партијата додаваат дека Косово и Методија „е јужната покраина на нашата братска земја“, според меѓународното право и дека десет години по признавањето се уште е очигледно дека Косово од почетокот на југословенската криза од 1980 година е инструмент на Западот.

– Американската база Бондстил на Косово создава немири на јужната граница на Србија и во Косово, а таквата пракса е насочена кон братска Србија, братска Русија, Словенија и Европа, се вели во писмото на Социјалистичката партија на Словенија