Словачка го отфрли договорот на ОН за миграции, Лајчак поднесе оставка

Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак денеска поднесе оставка откако Парламентот во Прага го отфрли договорот на ОН за миграции, соопшти словачкото МНР.

Лајчак претходно предупреди дека ќе си замине од функцијата доколку договорот биде отфрлен.

Тој претседаваше со Генералното собрание на ОН во периодот кога беше усвоен документот за миграции.