Слабо се осигурува од елементарни непогоди, свеста зголемена единствено кај земјоделците

Граѓаните и натаму сметаат само на државниот буџет од кој се обесштетуваат при елементарни непогоди. И покрај неколкуте случаи кои предизвикаа штети изминатите години, лани бројот на склучени договори за осигурување од земјотрес се зголемил за само 0.5%, а  од поплави за 11.59 отсто. Се чини земјоделците станале посовесни. Големо зголемување од скоро 66% има кај земјоделското осигурување.


Од Агенцијата за супервизија на осигурувањето им порачаа на земјоделците дека цената во иднина може да се намали, ако тие инвестираат во превентивни мерки за намалување на ризиците од суши, град и поплави.

Осигурителниот пазар лани имал раст на приходите од 10.4%. Бројот на полиси за осигурување на живот лани се зголемил за третина споредено со 2017-та. Осигурувањето од автоодговорност бележи раст од 6%, а 20% пораст бележи осигурувањето на имот. Банките, пак, не се многу заинтересирани да понудат комбинација од кредит и животно осигурување. Во моментов само 5 банки имаат вакви банкарски продукти кои овозможуваат поголема сигурност при отплатата на кредитите, особено оние на долг рок.

Тања Попова