Скромно празнување на Курбан Бајрам поради високите цени

Ако лани се продавале за 100 евра, сега и до 150 евра се продава овца за Курбан Бајрам. Поскапувањата се причина да еден од главните обичаи принесувањето жртва или курбан да изостане кај муслиманските верници за овој празник.

Народот повеќе прашува отколку што купува, затоа што не можат да си дозволат, објаснуваат сточарите кои продаваат добиток.  Тие го чекале овој празник за да направат нешто поголема заработка, но свесни се дека поради високите цени граѓаните не можат да купат.

Анкета:
-Се коли курбан, смо излегле да купимо, цената е како лани, малку поскапи од лани годината
.
-Ќе купим ама прво да видам.
– Немаат пари луѓето, има интерес но немаат пари луѓето. 01.18 + 01.28 Лани беше 100 евра, годинава 120, 150 и таќе. Скупо али немаат паре луѓето. Бараат поевтино ? Бараат ама не пуштаат. Има заинтересирани, но има криза кај народот. Колку иде курбанот ? Курбанот оваа година иде 110, 120, 130 евра, како е џебот така е курбанот.  Граѓаните сакаат ама сиромаштија-нема. Кој има, има. Кој нема, само праша, шетат
велат граѓаните.

Курбан Бајрам се празнува утре, а доаѓа два и пол месеци по Рамазан Бајрам. Се смета за ткн. празник на жртвата затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, обично овци, а месото се раздава на посиромашните, како и на соседите и роднините.

Утре се оди во џамија прво и после 9 саат почнува Курбан Бајрам за колење, до трети ден до 4 саат може да се коле курбан велат граѓаните.

Поголемите животни како биковите и кравите годинава достигнуваат и цена од 1000 евра. 

Александар Самарџиев