НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скопје се дави во ѓубре – нема изгледи кога ќе биде расчистено

Главниот град претрупан со ѓубре.Контејнерите покрај станбените згради се преполни со купови смет, што предизвикува ужасна миризба. Најлонски кеси, картонски кутии, отпад, па дури и дел од намештај беше реалната слика пред речиси сите згради во центарот на градот, па и пошироко во околните населени места. Граѓаните згрозени од глетката, велат жално е тоа што му се случува на градот.

Инаку, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ синоќа излегоа на протест со барања за повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа.

На протестот се појави и директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева и побара работниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа. Таа им вети на вработените дека ќе добијат К 15. Мазнева порача дека разговорите ќе продолжат од понеделник.

Во меѓувреме, од неколку скопски општини, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да нјадат соодветно решение за собирање на сметот во градот.

Ања Лукарова