Скопје останува без јавен превоз, советниците во Грдот и препорачаа на Арсовска да пренамени буџетски пари за ЈСП

Договор нема и затоа нема да има ниту јавен превоз во Скопје ни утре. Уште од 4:30 изутрина вработените во ЈСП ги оставаат автобусите пред гаражите, зашто вработените и денеска не добија плата. Вечерва Советот на град Скопје со 24 гласа „за“ донесе препорака да се пренаменат пари од градскиот буџет за плата на ЈСП, па сега градоначачничката Данела Арсовска е на потег. До петок, најдоцна до 12 часот, во соработка со надлежните служби да донесе одлука за средствата и да бидат „де факто“ префрелни на сметка на ЈСП.

На гласањето на Советниците претходеше жестока дебата, во која учествуваше и Арсовска. Па, наместо за ЈСП, од говорницата се слушнаа секакви навреди и осуди. Ова го натера претседавачот на Советот, Трајко Славевски во еден момент да и го одземе микрофонот на градоначлничката Данела Арсовска. Тој се пожали дека му бил исклиучен системот со кој може да ги прекинува говорите на советниците.

Ова право на претседателот на Советот му е дадено со цел да не дозволува од говорницата да се користи говор на омраза, навреди по национална, етничка припадност, навреди на лична основа.

  • Копчето на претседателот му е дадено за да може да ја води седницата, затоа што било кој од говорницата може да изнесува навреди врз етничка, национална, лична основа и претседателот тоа мора да го спречи. Оваа седница ќе ја завршиме на овој начин“, рече претседателот на Советот, Трајко Славески.

Повторно на тема беше „шпицниот градоначалник“ што Арсовска и претходно го споменуваше. Арсовска од говорницата пак го спомнуваше, како што го нарече шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, и рече дека само се шетал и отворал чешми и тротоари со вмровските градоначалници.

  • Нема да ви го шетам шпицниот градоначалник, кој секој ден сече ленти за отворање на чешми. Ако сакал да биде градоначалник, што не се кандидирал? Вашиот директор (Игор) Јанушев (директор на ЈСП во времето на власта на ВМРО-ДПМНЕ – н.з.), еве го овде на слика, склучил штетен договор со Маратон со кој за да бидат налепени автобусите со реклами ЈСП добива 7.000 денари, а фирмата 2.000 евра. Е такви штетни договори вашите луѓе склучувале и директно сте одговорни за загубите на ЈСП“, рече Арсовска.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ѝ рекоа на Арсовска дека таа треба да се погледне во огледало затоа што не може сите да бидат виновни само таа да е во право, кога сега за првпат Скопје нема јавен превоз.

Вработените од ЈСП, кои дојдоа и во град Скопје, разочарани од седницата, брзо си заминаа. На одење, дури и се расплакаа пред камерите зашто немале дома да однесат леб.

  • Вие може политика да терате до сабајле, но сабајле автобуси нема да има. Вам не ви е гајле, вие не се возите со јавен превоз. Овие луѓе имаат деца, гладни се, немаат пари да им дадат за ужинка на училиште. Овде не видовме никој да каже како ќе се реши проблемот и ќе добиеме плата туку нивни партиски и политички препукувања“, рекоа од синдикатите.

Предлогот за пренамена на средствата од градскиот буџет уште вчера го даде советничката група на ВМРО ДПМНЕ. И денеска пред гласањето поставија ултиматум: ќе чекаме и со часови додека не се изгласа.

  • „За оваа ситуација во која се доведени граѓаните денеска на Град Скопје, одговорни се три чинители: менаџментот и директорот на ЈСП, Град Скопје и градоначалничката и секако Владата. Зошто го велам ова, ќе почнам по ред. Во оваа програма овде која ја нудевме на граѓаните им ветувавме нови кадри и нов начин на работа, чесен и достоинствен. Луѓето ни поверуваа и јасно на изборите покажаа зад кој застанаа и кој е победникот и каква локална власт очекуваат. Но, наместо тоа, што имаме ние денес во Град Скопје, нереализирана програма, кадри од ДУИ, кадри од СДСМ, разноразни луѓе коишто практично значат неменување на нештата од тоа што било претходно, луѓето сакаа промени, а промените не ги гледаат“, рече Андоновска.

И советниците од СДСМ обвинија дека за првпат скопјани остануваат без градски превоз и дека за тоа е виновна локалната власт. Посочија дека во буџетот на Град Скопје за 2022 година, заедно со ребалансот, за ЈСП беа предвидени 8,6 милиони евра.

Советникот на СДСМ во советот на Градот Скопје, Гордан Шутаров, во говорот на вонредната сединица дека за само 1 година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска во Скопје предизвикаа катастрофа, катализма во главниот град и скопјани ги оставија без јавен превоз.

  • За прв пат во својата историја на Градот Скопје граѓаните останаа без јавен превоз. Прв пат од независна Македонија па до денеска, пензионерите, средношколците, граѓаните да не можат да користат јавен превоз. Помина само 1 година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска за да се случи ваква катаклизма со јавниот превоз. Најгневни од сите се скопјани и тоа со право“, рече Шутаров.

Работниците најавија дека утре на протест ќе излезат и нивните семејства и деца, кои велат „останаа гладни“.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести