Скопје мизерино украсено во споредба со регионалните и европски метрополи

Македонската претстолнина оваа година очигледно нема да блесне во духот на новогодишните празници. Иако во градот веќе има странски туристи од целиот свет, за разлика од минатото, оваа година празничната магија најсоодветно може да се долови само во приватните угостителски објекти или трговските центри, бидејќи од она што можеше да го забележи нашата екипа во строгиот центар на Скопје, од градските власти решиле да украсат само дел од плоштадот како и улицата кај „Рекорд“, но само од потегот кај „Палома Бјанка“ до „Зелениот пазар“. Граѓаните велат дека Скопје за празниците не личи на главен град. Кога може помали градови успешно да го победат зимското сивило и да ја доловолат празничната еуфорија, тоа се очекува и од метрополата.

За украсувањето на Скопје беше поставен новогодишен базар и мал забавен парк, но, засега забавниот парк се состои само од детски воз кој кружи околу плоштадот и мал рингишпил.

За разлика од Скопје, престонинте на дрќавите од нашето соседство не штедеа на новогодишно украсување и овој пат покажаа како да се долови празничниот дух.

А како за споредба, годинава Тирна свети уште од почетокот на декември, со божиќни базари, лизгалишта, а на централниот плоштад Скендербег има и „празнично село“ со дрвени куќички. Софија со 11 божиќни базари, од кои 8 нови, во центарот со леден парк и лизгалиште, а новогодишната елка ја осветлија со специјална церемонија. Во лавниот град на Србија светилки и украси се поставени на 65 локации, а ќе светат се до 15-ти Јанури. Во Атина блесна 21 метарска елка со 40.000 сијалички, а низ градот се поставени над 120 километри на светилки, Додека пак Загреб ги преплави соцјалните мрежи со слики и видеа од лизгалиште и 25-те новогодишни базари кои изгледаат како од новогодишна бајка.

Никола Цветкоски

Advertisements