Скопје како Дивиот Запад: Престрелка кај Лептокарија, пукано од едно во друго возило

Вечерва околу 18 часот и 35 минути во полиција е пријавено дека на булевар „Партизански одреди” кај ТЦ Лептокарија во Скопје имало престрелка при што најверојатно било пукано од едно возило во друго.

Досега нема пријавено повредени учесници или случајни минувачи во овој инцидент, а на местото не се забележуваат траги од крв. Од МВР велат дека полициските службеници работат на расчистување на случајот.