Скопјани со денски забави, започнаа со прославата за новогодишната ноќ

Почна загревањето за најлудата ноќ. Неколку часа пред дочекот на Новата 2019 година, кафулињата во Скопје се полнат, а музика ечи од секој агол. Се чувствува раздвиженост во центарот на главниот град. Некои после работа, а други од дома, се подготвиле и излегле на пред новогодишна журка со пријателите. Дневните забави и годинава се се по популарни меѓу скопјани. Забавата започна во попладневните часови, каде скопјани со желби за поуспешна година, со музика ја испраќаат старата.

И угостителите го делат мислењето на граѓаните. Велат дека се почесто се полнат кафулињата преку ден, додека за вечерниот чин на дочекување на новата година нема толку заинтересиранот како порано.

Во пријатна и весела атмосфера, граѓаните во добро друштво фаќаат залет за дочекот на Новата година. Дел од нив ќе останат дома во кругот на семејството, другите пак новата година ќе ја дочекале со најдобрите пријатели.
На полноќ, кога ќе се поклопат стрелките на часовникот кои ќе го означат стартот на новите 365 дена, ви посакуваме поголем успех на сите полиња, повеќе радост и бериќет во 2019-та. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!