Скопјани се сè понезадоволни од Арсовска

„Профил на личност на ниво на градоначалник да кажува таква лага на социјални мрежи искрено не беше за мене соодветно“ – Истакна поранешниот ВД директор на јавното претпријатие градски паркинг, Бојан Христовски, кој ја деманатира градоначалничката Арсовска и вели дека си поднел оставка бидејќи не сакал да биде дел од понатамошни монтирани конструкции од страна на портали и Градот Скопје.

Ова следува откако вчера градоначалничката Арсовска на социјалните мрежи тврдеше дека на директорите им поставила своевиден ултиматум. Дека им рекла – или сами да си заминат или ќе бидат сменети.
Граѓаните незадоволни, велат, градот се соочува со еден куп предизвици, а Арсовска ги изневери оние кои и помогнаа да стане градоначалник.

Во досегашните 11 месеци откако е во градоначалничката фотелја, Арсовска назначи и замени или сами си заминаа вкупно 5 директори. За само неколку дена откако го назначи, го разреши од функција директорот на ЈП „Градски паркинг“ – Филип Пасху. Во јули го разреши директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Зуди Енуз, откако неговиот брат учествуваше во инцидент на плоштадот Скендер Бег. Две недели подоцна отказ му даде на директорот на Зоолошката градина Кристијан Стаменов поради скандалот со коњите. Додека во мај пак, директорот на ЈСП Иван Илиевски самиот си поднесе оставка.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста