НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скопјани наместо во метропола, живеат во кулутрно-забавно мочуриште

Културните инстицтуции но и главните скопски атракции тонат пред очите на скопјани. Градското кино „Милениум“ се распаѓа, Универзална сала останува руина, Зоолошката градина е во очајна состојба, Луна паркот одамна е урнисан. Речиси и да нема институција под капата на Градот која треба да ги анимира скопјани која не се распаѓа. Сликата е поразителна и од ден во ден станува се полоша. Граѓаните реагираат револтирано. Критикуваат дека градските власти како да живеат во друга држава.

  • Немам коментар. Срамота и мизерно е ова во Скопје, ова не личи на ништо. Ако градските власти не покажат поголема сериозност, мислам дека само ќе тонеме како град, но и како држава, реагираат граѓаните пред камерата на Алфа.

Со пропаѓањето на објектите од културата ни пропаѓа и самата култура, реагираат скопјани, кои како што велат, главниот град ја губи душата на една метропола.

Едно од најрепрезентативните кина во Скопје, киното „Милениум“ во Градскиот трговски центар е во очајна состојба. Во него речиси и да нема проекции, а оние што ги има се со лош квалитет. Покрај дотраениот ентериер, главен проблем за нормално фунлционирање на киното е недостигот на нов, современ проектор.

Како што објавија некои медиуми, седум месеци киното функционира без дигиталниот купен во 2012. Зошто оттогаш нема нов од Градот Скопје нема објаснување.

Уште покатастрофална е состојба со Универзалната сала. Некогашниот симбол на Скопје, кој две години е руина. Градоначалничката Данела Арсовска откако дојде на фукцијата не мрдна со прст за да ја продолжи реконструкцијата на објектот започнат од Петре Шилегов.

Наместо решение, Арсовска се караше со Министерството за култура. Рече дека проектот не бил безбеден, а Советот во Град Скопје донел одлука реконструкцијата да ја преземе Министерството за култура, но Арсовска и натаму молчи. И додека градоначалничката се бави со се што не и е надлежност, расте револтот кај граѓаните.

Освен културните институции, потонати се оние кои треба да нудат разонода и забава за скопјани. Луна паркот одамна е затворен, а во очајна состојба е и Зоолошка градина каде како последно за два дена угинаа три коњи, од многу ретка раса. Познавачите на состојбите алармираат дека на Скопската зоолошка под итно и треба ветеринар, кој навистина ќе се грижи за животните.

Дека таму состојбата не чини веќе алармираа и од Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА), кои велат дека кандидатскиот статус биз изгубен поради неисполнување на еден куп обврски. Чашата се прелила по скандалозното крвничко колење на десетина коњи и мазги кои преку ноќ беа донесени во Скопската зоолошка градина. 

Борис Грујоски