Скопјанец фатен како продава дрога, МВР му поднесе кривична

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(44) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.

При претрес во домот на пријавениот пронајдена е марихуана.