Скопски „Водовод“ на чекор до блокада, Синдикатот бара разрешување на директорот Марјан Митовски

Скопски „Водовод“ на чекор до блокада. Да се разреши в.д. директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, Марјан Митовски, поради кршење на работничките права, бараат од Сојузот на синдикати. Велат дека до среда им даваат рок и на градските власти, а потоа ќе преземеле мерки со тоа што најверојатно ќе излезат на улица. Синдикатот не се заканува дека ќе го прекине водоснабдувањето за скопјани, туку дека тоа може да го направат незадоволни работници.

  • Ние не викаме дека ќе го прекинеме снабдувањето со вода, велиме да не се доведе во ситуација како незадоволни работници да го направат тоа, да не дојдат на своите работни места или да не смени задолжененија и на тој начин да предизвика прекин во снабдувањето со вода на главниот град“, нагласи Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Од Синдикатот велат дека се револтирани од односот на в.д. директорот кон вработените бидејќи со незаконски задолженија се распределуваат на несоодветни работни места кое не им се предвидени со договорот за работа.

  • „Ги повикувам и градоначалничката и Советот на Град Скопје, а денеска ќе повикаме и на итна седница на Управниот одбор на ’Водовод и канализација‘ да го разреши овој човек кој уште неседнат како вршител на должност прави раздор и селекција, прекршува закони и колективни договори и не си ги извршува работните задачи согласно закон и колективен договор. Градоначалничке, Совет на Град Скопје, немојте да дозволите како што вчера што немавте градски превоз да се доведете да немате ниту вода за пиење во Градот Скопје“, нагласи Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Од Синдикатот велат дека се револтирани од односот на в.д. директорот кон вработените бидејќи се распределуваат на несоодветни работни места кое не им се предвидени со договорот за работа. Од Синдикатот тврдат и дека решение за незаконско постапување донеле и државните инспекторати. Според нивните изјави, имало и извршни судски решенија кои ги добиле вработените да се вратат на работа, но директорот не ги враќал.

  • „Не може хидроинженери да праќаме по чуварски куќички, не може возачи на специјални возила да седат во базата и да не работат ништо затоа што не му се допаѓаат на в.д. директорот. Ова како репрезентативен синдикат за комунални дејности, го пријавивме до државниот управен инспекторат и до државниот инспекторат за труд. Известувањата и решенијата што ги добивме јасно кажуваат дека директорот Марјан Митовски работи противзаконски и ги крши работничките права. Го доставивме до него, но наместо да ги врати работниците онаму каде кажува договорот за работа, тој и понатаму ги игнорира решенијата на инспекторатите“, вели Димовски.

Инаку, Марјан Митовски е прв човек на претпријатието од 13 септември годинава. Градоначалничката Данела Арсовска го назначи на функцијата откако еден ден претходно го разреши Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи го за самоволие и обиди за влијание во милионски тендер за пречистителна станица.

Тој ги отфрли овие обвинувања и рече дека Арсовска сакала да фаворизира нејзина блиска компанија. Откако зовре лонецот, следуваа низа разрешувања или оставки на сите директори на јавните претпријатија во Скопје и растурање на партнерството помеѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести