Скопскиот кривичен суд работи турбо на предметите на СЈО

Продолжува праксата на скопскиот кривичен суд, со секојдневна набиена агенда за предметите на СЈО. Само 4 има овој месец за насилството во општина центар, минатиот месец пак, екс министерот за транспрт и врски Миле Јанакиески 15 пати се појави на суд за 16 работни дена. И додека со ваквата динамика наместо да биде активно учество на обвинетиот во одбраната, се се сведува на голо присуство на рочиштата.

За првиот човек на кривичен, судијата Иван Џолев пак, набиената судска агенда била според законите.

Од друга страна, според Европската конвенција за човекови права и македонскиот Закон за кривична постапка може да претставуваат прекршување на човековите права, поради неможноста обвинетиот да подготви суштинска одбрана.

-Да има доволно време и можности за подготвување на својата одбрана, а особено да има увид во списите и да биде запознаен со доказите против него и во негова корист, како и да комуницира со бранител по сопствен избор, вели член 70, став 1, алинеа 2 од Законот за кривична постапка.

Секој обвинет има минимално право да му се обезбеди време и услови неопходни за подготвување на неговата одбрана, се вели во Европската конвенција за човекови права, член 6, став 3(Б).

Минатиот месец, Јанакиески пред Судскиот совет, Народниот правобраниетл и Хелсиншкиот комитет, поднесе претставки, да се испита дали се нарушуваат неговите основни човекови права, со скоро секојдневните судски рочишта, многу често и по две закажани во еден ден. Правобранителот Изет Меџити во телефонски разговор за Алфа, рече дека не можат да му наложуваат на судот кога да закажува рочишта, иако има основ за сомнеж за прекршување на човековите права.

Судскиот Совет и Хелсиншки досега не излегле со став по претставката на Јанакиески. Лани екс министерот, во 85 работни дена од 29 август до 31 декември, имаше 57 судски рочишта.

Матеја Петровски