Скопска Апелација одлучува по жалбите на одбраната за убиството на Денис Тот
Апелациониот суд во Скопје одлучува по жалбите на одбраната за предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Судечкиот совет прво ја разгледува првостепената пресудата на Скопскиот Кривичен суд, по што треба да ги прифати или одбие жалбите на тројцата првостепено осудени Анџело Ѓеоргиевски, Климентина Лефкова и Андреј Костовски на вкупно казна затвор од 52 години.
Денис Тот беше убиен на 7-ми април лани пред скопска дискотека, а почина следниот ден на скопската клиника. Во јавноста се рашири видео од тепачката пред дискотеката, на кое се гледа како обвинетите го удираат Тот, тој паѓа на асфалтот и останува без знаци на живот. Обвинителниот акт беше поднесе во јули минатата година, а пресуда на Кривичниот суд беше во ноември минатата година.