Скапотијата „ги јаде“ парите на граѓаните, власта глува на барањата на институциите да ги заузда цените

Цените на основните производи растат, граѓаните се жалат, државата само од височина ја набљудува состојбата, која од ден во ден станува се потешка, алармира Организацијата на потрошувачи на Македонија. Од таму велат дека Владата само најавува помош, без да преземе конкретни чекори за ублажување на ценовното цунами. Сметаат дека нее добро тоа што се се сведува само на хартија, а поплаките од граѓаните од ден во ден стануваат се побројни.

  • Цените на продуктите растат енормно високо, потрошувачите се жалат и кај нас. Апелираме да се носат нови мерки по нови механизми. Дали е тоа на некој начин вештачко покачување, односно колку трговците и производителите имаат високи трошоци за цените буквално да ги менуваат од ден за утре и тоа за можеби половина повисока цена што не е толку логично во овој сегмент, вели Мартина Грнчаревска од Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Додаде дека со новиот закон којшто треба да помине во Собрание ќе има поголеми казни за нефер трговските пазарни пракси.

На прашањето кои се најчестите поплаки на граѓаните освен цените, Грнчаревска рече дека тоа е бела техника и апарати за домаќинствата, како и онлајн продажбата, односно нелегалните Фејсбук измами, за коишто постојано апелира потрошувачите да отворат четири очи.

  • Од тој аспект и ние апелираме и се обраќаме до Државниот пазарен инспекторат со поплаки од потрошувачите да се контролира повеќе тој сегмент. Се надеваме на нови мерки коишто ги најавува и министерот за економија дека ќе се регулира повеќе овој сегмент и ќе имаме поголема потрошувачка заштита бидејќи во спротивно целата сиромаштија ќе доведе до пад на потрошувачката кошничка и потрошувачите да не можат да си ги дозволат секојдневните потреби, подвлече Грнчаревска.

Надлжените алармираат и институциите да бидат поажурни за заштита на потрошувачите кои од ден во ден се се посиромашни. Па така, додека институциите алармираат – владата останува глува на нивните апели.

Експртите веќе алармираа дека мерката замрзнување на маржите нема да го даде очекуваниот ефект. За да се заузда инфалцијата, неопходно е замрзнување на цените, затоа што домашните производи најмноагу поскапеле. Замрзнати цени на дел од основните прехранбени производи веќе имаат Албанија, Србија и Хрватска.

Борис Грујоски

Advertisements