НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скандал од милионски размери: Само годинава 20 милиони евра потрошени за лекови за кои има сомнеж дека завршиле на црниот пазар

Близу 20 милиони евра само годинава се потрошени за набавка на лекови за Онкологија, лекови за кои во медиумите е објавен сомнеж дека на црно се продавале на приватни лица, кои подоцна по повисока сума ги препродавале на пацинетите кои се борат за живот.

Ова го покажува јавно достапната алатка Јавни набавки. Најскапиот тендер е вреден е нешто повеќе од 800 илјади евра, а таму постојат и клаузули што би било кога доставувачот би доцнел со испорака. Казната која би ја добил би можела не би можела да биде повисока од пет проценти од вредноста на недоставените лекови.

-Во случај на доцнење на испораката на лековите од страна на Економскиот оператор, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна- пенали. Договорната казна се определува во висина од 0,1% од вредноста на неиспорачаната стока за секоја започната недела за првите две недели, односно 0,5% за секоја следна недела задоцнување, но не и повеќе од 5% од неиспорачаната стока, пишува во јавната набавка.

Оваа и повеќе од солена сума е заклучно со август годинава, за лекарства за кои што постои основан сомнеж дека се препродавале на црниот пазар. Сомнежите за злоупотреби со набавените лекови ќе ги немаше ако функционирал системот КАТО. Станува збор зас систем набавен уште во 2017 година чија употреба требало да ја регулира употребарта на лекраствата.

Со КАТО било невозможно да се украде цитостатик или да се намали нечија доза, ни поради кражба ни поради грешка. Но како што обелодени Слободен печат по само шест месеци откако бил набавен овој систем, тогаш новиот директор Нино Васев го исфрлил од употреба.

КАТО чинел 350,000 евра, бил набавен од Париз и функционирал многу кратко, само 6 месеци. Проблеми имало уште од самиот почеток- луѓето од администрацијата не биле фанови на системот и се карале со директорот. Се жалеле дека не можеле да го поврзат со системот Мој Термин и со ХИС, вели анонимен специјалист за Слободен Печат.

-Самиот систем не дозволува да ви остане вишок на доза што нема да се искористи. Се се користи до крај. Цело време мониторот ви кажува да ја користите флашата додека не се испразни. Вага мери количина и нема мрдање или злоупотреба на количините. Секоја флаша цитостатик се баркодира, па се става нова вијала кога ќе се потроши првата, вели изворот.

Пред неколку дена истражителите влегоа на Онкологија да испитуваат можен криминал правен на сметка на пациентите болни од рак. Сомнежите се дека добивале погрешна терапија, а дека лекарствата кои што болните требале да ги добиваат на сметка на фондот, нелегално биле препродавани за подоцна тие да ги купуваат по цена која ниту малку не е мала.

Матеја Петровски