Скандал во португалскиот фудбал: Пепе им понудил пари на Коентрао и Рио Аве за победа со Бенфика

Одбранбениот фудбалер на Порто, Пепе одлучил дополнително да го стимулира својот пријател Фабиу Коентрао и неговиот тим Рио аве пред натпреварот против Бенфика.

Според „Гонфиаларете“ 36-годишниот Португалец е подготвен да го награди својот поранешен соиграч од Реал Мадрид со 600 илјади евра.

Поради оваа шпекулација, по допрен глас е поднесена пријава до португалската полиција и до тамошниот јавен обвинител.

Натпреварот Рио аве – Бенфика се игра в недела од 21 часот.

На две кола пред крајот на шампионатот во Португалија, Бенфика е лидер со 81 бод, пред Порто кој е втор со два бода помалку. Рио аве е седми со 42 бода.