Скандал во Култура: Се разгледуваат одбиените проекти

Ветуваат транспарентност околу повторната распределба на средствата, но останаа без изјави за медиумите. Од министерството за култура барем денеска никој не сакаше ништо да каже, иако новинарите чекаа речиси еден час да го снимат работењето на комисиите кои денеска почнаа да ги разгледуваат одбиените апликации.

Реномираните Оффест, Андерфест, Скопскиот џез-фестивал, Танц фест се само дел од оние кои останаа без државни пари. Бројни се реакциите на уметниците кои по објавувањето на резултатите од конкурсот, изјавија дека одлуките за распределба на средства биле неиздржани и неправедни.

  • По низата критики изминатата недела за одлуките по годишните конкурси на Министерството – врвни институции, фестивали и уметници да не добијат ни денар, вели Благоја Јовановски од Фолклорни ансамбли на Македонија.

Прв пат по пет децениско постоење нема ни денар ни за Меѓународниот фестивал на изворни македонски песни и инструменти „Пеце Атанасоски“, кој е единствен од тој тип и е бренд, но и расадник на изворната македонска музичка култура, не доби ниту денар од Министерството за култура.

Организаторите се закануваат дека во знак на револт ќе го одржат фестивалот Министерството за култура.

Против недомаќинското трошење пари на министерството за култура се кренаа низа македонски уметници, организатори на фестивали и културни дејци.

Со реакција се јави и најстарото Здружение на историчарите на Македонија. Велат дека нема ни денар за македонската „Историја“, а има 123.000 за албанските историчари.

  • Минатогодишната причина за неодобрените средства беше дека списанието „Историја“ не претставува „национален приоритет“. Оваа година очекуваме слично образложение. Членовите на Комисијата што ги разгледуваше пријавите, веројатно сметаат дека тоа што „Историја“ е наднационално списание, во кое, како ретко каде, најсликовито е изразени мултиетничноста во нашата држава, не претставува национален приоритет, се наведува во соопштението.

Проблематична е распределбата и за парите на институциите кои се под директна капа на државата.

Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ добил нешто помалку од 1.5 милиони денари, а новиот Ансалмбл на албански народни песни и ора околу 5 милиони.

Врие и на социјалните мрежи. Уметниците се едногласни дека без пари нема уметност. Проблемот, велат, е што нема јасни критериуми при поделбата на парите. Обвинуваат за селективност во распределбата.

По бурните реакции министерот Асаф Адеми најави дека сите проекти за кои има сомнеж ќе бидат отворени пред јавноста и сите апликанти кои се одбиени повторно ќе се анализираат. Тој вели дека ова не било причина да си поднесе оставка.

Борис Грујоски