Скандалот со Онкологија во Собрание – ќе има ли расчистување и одговорност?

Нема оправдување за власта што со недели не излегува со детекција за виновниците во Онкологија. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ од корен ќе се зафати со проблемот и сите за кои ќе има докази ќе одговараат вели претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Тој предупредува дека власта е во паника, и дека крои сценарио за спас од политичка одговорност за криминалите на онкологија.

– Го разбирам овој министер дека мора да бара изговори, не можам да го оправдам, бидејќи таква насока добил од коалицијата и претпоставените. Не можам да ги оправдам ниту надлежните органи кои се уште, по толку недели не излегоа со јасна детекција кој е тој виновник којшто предизвикал ова да се случува, рече Мицкоски.

За расчистување на скандалот “онкологија” денеска дебатираа и пратениците и формираа Анкетната комисија која ја побара опозициската ВМРО ДПМНЕ. Пратеничката Гордана Силјановска Давкова посочи дека скандалот на онкологија е загрозувачки.Тврди дека ВМРО ДПМНЕ нема да се откаже од надзорот на носителите на јавните функционери. И бара одговорност од актуелниот министер Меџити.

Пратеникот Дарко Кевски од редовите на СДСМ ја обвини опозицијата дека го политизирале случајот. И побара трпение од јавноста, Јавното Обвинителство да ги најде вистинските виновници.

И додека јавноста ги чека виновниците, тим од обвинители и истражители ги проверуваат наводите дали е сторено кривично дело против здравјето на луѓето. Пациенти добија директен увид во истрагата за Онкологија,но велат дека протестите продолжуваат. Наводите за злоупотреба на терапијата за рак на Клиниката предизвика низа реакции од сите страни. Надлежните уверуваат дека се прибираат докази и се истражуваат наводите за сторени кривични дела, а граѓаните и пациентите организираат протести барајќи одговорност.

Advertisements

Поврзани вести