Скандалозно! Данела му пиша казна на Орце од 90.000 евра!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го казни градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски со 90.000 евра поради истурање ѓубре пред „Дрисла“ во неделата.

Од општина Кисела Вода најавија прес-конференција во 12.00 часот за да ги образложат деталите од казната.

– Согласно последните случувања поврзани со отпадот и информацијата дека е пишана казна за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вредност од речиси 90.000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода, во среда, 12.07.2023 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес конференција, соопштија од општината.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста