Скандалозно: Власта повторно го слави Илинден без спомнување на Македонија, Македонци, Македонско
Македонија, Македонско, Македонци – уште една, и тоа јубилејна прослава на 120 годишнината од Илинденското востание без споменување на овие термини. На само еден ден пред празникот Владата го објави слоганот и логото за овогодинешната прослава, на кои како и во изминатите неколку години вешто се избегнува споменувањето на името Македонија.
Слоганот за годинава е „120 години Илинден – огниште на татковината„. Дури и во поканата за следење на активностите кои се планираат за утре, 2 Август, никаде не се споменува Илинден како македонски празник, туку само како „Државниот Празник„, „Националниот Празник„, одбележување на „нашата државност„, „Денот на Републиката„ и слични термини. Како и оваа, така и минатите симболи за годишнина од Илинден беа ни помалку, ни повеќе скандалозни за историчарите. Често се заборава на Македонија, Македонци и Македонско. Ниту Македониум, ниту Мечкин камен, ниту АСНОМ, а камо ли Крушевска Република – и лани повторно без изоставени националните симболи и името на државата.
На ден Илинден, кога се слават херојствата на македонските револуционери, Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Никола Карев, Ченто и многу други, во својата најава премиерот Димитар Ковачевски обично не споменува ниту еден. Три години по ред не се споменува ни името на државата. Во 2019-та парола гласеше „Сите сме деца на Илинден“, а во 2020 „победа за сите-Илинден“. Пред две години, само Илинден 2021 и минатата година се славеше под слоганот„ Илинден, нашата сила за иднината! “.