НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скандалозни суспензии во железници за вработените кои бараа повисоки плати и подобри услови

Наместо дијалог и суштинско решение , вработените во Македонски железници АД Транспорт се соочуваат со притисоци . 19 вработени биле суспендирани по состанокот на Управниот одбор на претпријатието со Владата . Власта се одлучила за овој потег, зошто не можеле да најдат решение за проблемот за машиновозачите,  обелоденија од Конфедерацијата на слободни синдикати .  Од таму велат дека суспензијата била репресивна мерка како одговор на основните барања кои ги имаат вработените – исплата на целосна плата и подобри услови за работа .

-Наводно по разговори со Владата неможат да најдат решение за железници и наредба добиле да употребат репресивни мерки. Ако мислат дека со репресивни мерки ќе ги скрши некој железничарите , сто пати сум кажал не може да ги скрши, тоа е како на огнот да додавате бензин .

Лошо влијаеле на колегите, затоа се суспендирани стои во решението кое се испраќа до вработените на домашна адреса.  Од синдикатот бараат под итно да се седне на дијалог, во спротивно ќе преземат порадикални мерки како протести или блокади .

-Ќе ве известиме благовременео за притисокот , има незадоволство на секаде ….. ЌЕ ги повикаме сите кои се незадоволни , не може некој под притисок својата неспособност да ја докажува , додава Ристовски.

Македонски железници е во очајна состојба посочува Ристовски  . На располагање има само две локомотиви  , работниците сакаат да работат но немаат добри услови и средства за работа .

Бојкотот на машиновозачите е поради тоа што бараат да им биде исплатена втората половина на јулската плата ,  зголемување на коефициентот на сложеност по кој се пресметуваат платите и обезбедување на неопходни услови за безбедна работа .

Кристина Алексиеска